Струшките пензионери на летување во Албанија

Група од 50 пензионери,,членови на ЗП Струга,летуваа седум дена во туристичкиот град Драч во соседна Албанија,во хотелот „Гранд“,ова група на летување беа за прв пат бидејќи таква е одлуката на ЗП Струга,предност имаат кои не биле на летување.


Попатно пензионерите направија неколку кратки паузи за освежување.Со интерес и восхит ги разгледуваа попатните комплеси,полни со убавина собрани на едно место.Потоа патот ги водеше до приморското градче Драч,каде што ЗП Струга со години летува на ова прекрасно место.Најголемиот дел од пензионерите прв пат имаа прилика да го посетат Драч и одморалиштето.
Драч – Приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море.Претставува седиште на Драчката област средна Албанија,на 35 километри од главниот град Тирана.Драч претставува најголемо пристаништа во Албанија и важна порта кон Средоземјето,а тоа го прави најзначајен град во развојот на економијата во земјата.Тој е всушност и најстариот град во Албанија.
Пензионерите секоја вечер се шетаа на различни локации,покрај пазари,некои купуваа по нешто за спомен и сеќавање од ова летување.Покрај капењето во морската вода,сончањето најинтерсна забава им беше меѓусебниот турнир во шах што им го организира Бахи Спаију ,член на шаховската екипа при ЗП Струга.
Претседателот на Здружението на пензионери Струга,Милорад Трпоски,во врска со ова летување истакна:Летувањата,а посебно оние во странство,се многу интересни и прифатливи и од пензионерите,бидејќи доаѓа до израз дружењето,меѓусебно запознавање,но и запознавање на местата и државите каде што се патува односно каде што се летува додава секраторот на ЗП Струга Изеир Мустафаи,исто така секретарот истакна дека за време на патувањата и престојот во Драч,беа спроведени сите мерки за здравствената заштита на присутните од коронавирусот.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани