На 15.09.2020 година, Џ.З.(59) од струшкото село Ливада, во ОВР Струга пријави дека настанал пожар на 14.09.2020 година во ниви во атарот на селото, сопственост на неговите браќа и роднини.
По извршен увид, констатирано е дека опожарени се ниви со насади од пченка, разни садници, како и повеќе бали со сено и јонџа. Интервенирала Противпожарната единица од Струга која го изгаснала пожарот.
