Денес се навршуваат 3 години од прераната смрт на Антонио Ристевски во охридската јавност познат како ” Тони Дилерот “.
.jpg)
Неговиот живот трагично заврши во сообраќајна несреќа на 17.09.2017 но неговото дело продолжи да живее меѓу граѓаните на Охрид.
Тој како сопственик на туристичката агенција “Висит Охрид” и како лиценциран туристички водич го промовираше Охрид насекаде низ светот. Неуморно работеше и ги сместуваше туристите во хотели, приватни апартмани и вили во Охрид и околината.
Како вистински професионалец во своето работење беше скромен чесен и многу почитуван од Охриѓани но и од бројните туристи кој доаѓаа од насекаде во светот. Многу сограѓани за него велеа дека Тони Дилерот “работи и кога спие”.
Беше познат и по своите патувања. Обожаваше барем еднаш во годината да патува низ светот и знаеше да донесе некоја нова идеа за да привлече гости во Охрид. Како светски патник посети бројни дестинации како: Перу; Чиле; Аргентина; Боливија; Мексико; Куба; Тајланд; Танзанија; Занзибар; Кенија; Макао; Бурма; Белизе; Гватемала; Камбоџа; Хонг Конг и скоро сите земји во Европа…
“Тони почивај во мир Охрид нема да те заборави”.
