Засилени контроли во угостителските објекти.
Со цел доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби, СВР Охрид, во координација со други институции, презема интензивни превентивни и други активности за зачувување на стабилната безбедносна и здравствена состојба. Полициските службеници ќе вршат обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти поврзани со спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот како и доследна примена на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
