Нерегистриран станоиздавач нелегално сместувал странци.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело дека „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(36) од Охрид. При контрола извршена на 06.04.2020 година, констатирано е дека пријавениот, иако не бил регистриран станоиздавач, им издал стан на двајца странски државјани за кои не пријавил престојувалиште и со кршење на безбедносните протоколи постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19.
