Се врши санација и ревитализација на Охридскиот Чинар, дрвото, кое пред две години беше прогласено за Споменик на природата.
Под будно око на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје се ревитализира стеблото и се стабилизира крошната. Вековното старо дрво во кое е вткаена вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото каде се градела историјата на градот со години беше оставен на забот на времето, се распаѓаше пред очите на јавноста. -0250 „Ова е културно историски споменик целта е да се зачува автентичноста да се види неговата старост кога ке додјат туристи да видат пред нив дрво старо преку илјада години. Обновата ќе биде во насока да се заштити имрегрира и ќе се спречат понатамошните процеси на трулење и уништвање на дрвото“, вели професор д-р Јане Ацевски дендролог. За да се врати некогашниот сјај ќе се уреди и околината на Чинарот Според преданијата, дрвото го засадил лично Свети Климент во првата половина од деветиот век. -0411 „Пред се` би ја нагласил неговата културна историска вредност што ја има Чианро со вакво старо дрво ретко кој може да се ппофали и во Европа и на Балканот 1000 години не се малку за едно стебло“ , додава Ацевски. Охридскиот Чинар се смета за најстаро дрво во земјата. Според преданијата тој е стар 11 векови. После санавцјата општината е должна да го заштитува Чинарот од понатамошно уништување. Новинар Соња Рилковска
