Повреденото лице е пренесено во „Св.Еразмо“.
Вечерва околу 19 часот, во близина на маркет на улицата „7 ноември“во Охрид, се случила тешка сообраќајка во која, едно лице било повредено. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека има сообраќајна незгода на „7 ноември“, која во СВР Охрид била пријавена во 18.45 часот. Димоски кажа дека едно лице е повредено и со возило на Итна медицинска помош е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ и дека во моментов на местото на незгодата се врши увид. Повеќе информации,портпаролот најави за утре.
