После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок е водостојот на Сатеска, Радика и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање. Зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради најавените нови врнежи, можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина. Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање.
