Жител на Велешта носел огревни дрва без документација

Жител на Велешта носел огревни дрва без документација .

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) од струшкото село Велешта и против правното лице што тој го управувал, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Полициски службеници на 22.09.2020 на локалниот пат кон струшкото село Долна Белица, го затекнале пријавениот при управување на товарно возило „мерцедес“, сопственост на правното лице, натоварено со 14 метри просторни огревно дрво. Притоа, констатирано е дека транспортот се врши без целосна документација, која била со невистинита содржина. Возилото и огревното дрво се одземени и предадени на надлежното Шумското стопанство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани