Новиот сој на корона откриен и кај охриѓанец

Британскиот сој на коронавирусот ја зема првата жртва во нашата земја, дознава Дојче веле.

 Новиот сој на корона вирусот е потврден кај еден скопјанец и еден охриѓанец.

Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред четири дена.

Претходно британскиот сој на коронавирусот беше детектиран кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи.

Лекарите алармираат дека поради лесната преносливост постои голема можност за неколку месеци да стане доминантен и во земјава.

Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на околу 20 соеви на вирусот во земјава. Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани