Цените паѓаат за 0,13 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика ги „стокми“ цените за горивата и ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата. Според одлуката, се извршува намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија за 0,13 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела. Сепак, во реалност, цените на горивата за автомобилите не се менуваат, односно Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се продаваат по истата цена како и минатата недела.
Тоа значи дека горивата Еуросупер БС-95 и во следните седум дена ќе се точи за 61 денар по литар, Еуросупер БС-98 се продава за 63 денари, а Еуродизел се продава за 52 денари по литар гориво. Намалувањето се однесува на Екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за половина денар. Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период, референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 0,407%, а кај дизелот за 0,57%.
