Додека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, постојано се расфрлаат со фалби за асфалтирање на улиците во Охрид , охридските села остануваат заборавени од нив, критикуваат од Левица Охрид.
Ова подолу се фотографии од улица во селото Лескоец, едно од најголемите охридски села, неасфалтирана и целата во кал. Изгледа како надлежните да заборавиле дека и луѓето во охридските села заслужуваат живот во 21 век. Или, можеби се чекаат локалните избори и предизборната кампања, за Локалната и Градоначалникот, популистички и лицемерно, како и секогаш, да нафрлаат по некој слој асфалт, кој одвај ќе издржи до следните избори. А, дотогаш , на жителите од Лескоец и другите охридски села, не им преостанува ништо друго, освен да пливаат во кал.
Дојде ,,живот” во охридските села!, стои во соопштението до јавноста од локалниот огранок на Левица Охрид.

