Мерко: Препораките на Унеско се косат со законите и потребите на граѓаните

Планот за управување со Охридското езеро е неспроведлив и  се коси со законот за градба, тврди струшкиот градоначалник.

Според Мерко,   во неможност да се усогласат постојните урбанистички планови со  препораките на Унеско, граѓаните се незадоволни и не можат да си ги остварат своите  права,   а штети трпи општината.

Ќе бараат средба со владата, комисијата, искусни архитекти  и надлежните министерства  да се изнајде решение во спротивно Планот за заштита  ќе го обжалат и на Управен суд.

– „Ако нема закон и нема можност да се услужат граѓаните ќе се градат диви градби и каде ќе не носи тоа во бескрајност и не знам кој ќе одговара,  кој ќе го плати тоа не излегување во пресрет на граѓаните “, вели РАМИЗ МЕРКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУГА.

Спротивно на бројните критики на екологистите , Мерко и натаму тврди дека на струшкото крајбрежје и во заштитеното подрачје  нема дивоградби,   објектите на плажите се изградени со одобрение на министерството за транспорт и врски.

„Никој не гради  куќи во крајбрежиетто ние тоа го немаме. Што се однесува до десеттината концесии тие се издадени од министерството за транспорт и врски имаат легално одобрение тука не е виновна општината“, додава Мерко.

Струга ќе бара и продолжување на рокот за легализација бидејќи со мораториумот, кој беше на сила речиси една година  граѓаните  биле спречени  да го остварат правото на легализација.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани