Расте бројот на заболени од карционом во регионот

Расте бројот на заболени од карцином  на дојка во Југозападниот регион во земјава. 

Во здравствениот дом во  Вевчани, цели 18 години се вршат ехо прегледи  и мамографија на дојки. Освен вевчанки, стружанки, охриѓанки,  дебранки,кичевчанки и  ресенчанки   доаѓаат и жени од други градови од земјава, но  и од соседна Албанија.

Единствениот радиолог во оваа установа, д-р Жарко Даскалоски, кој важи за еден од најдобрите дијагностичари во земјава, прегледува и по 2.700 жени годишно. Само во 2019 откриени се 44 карциноми во регионот, а во пандемијата во 2020 година 35.

„Свеста од година во година расте и тоа мене ме радува како лекар по дијагностика затоа што женската популација си има своја култруа доаѓа на редовни прегледи на шест месеци,  на година“, вели доктор Жарко Даскалоски радиолог во Вевчани.

Загрижува и  тоа што се намалува  старосната граница, карционом е откриен и кај 27  годишна  жена.  Рак  на гради е откриен и кај тројца мажи во регионот.

-„Најмладата е значи тоа беше пред десетина година имаше 27 години а последниот период во изминативе две години најмладата пациентка има 31 години“, додава Даскалоски.

-Ракот на дојка е еден од најчестите карциноми кој напаѓа 10 тна проценти од женската поулација. Клучно за неговото лекување  е навремената детекција и третман.

 Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани