Планот за управување со Охридското езеро е неспроведлив и се коси со законот за градба, тврди струшкиот градоначалник.
Според Мерко, во неможност да се усогласат постојните урбанистички планови со препораките на Унеско, граѓаните се незадоволни и не можат да си ги остварат своите права, а штети трпи општината.
Ќе бараат средба со владата, комисијата, искусни архитекти и надлежните министерства да се изнајде решение во спротивно Планот за заштита ќе го обжалат и на Управен суд.

– „Ако нема закон и нема можност да се услужат граѓаните ќе се градат диви градби и каде ќе не носи тоа во бескрајност и не знам кој ќе одговара, кој ќе го плати тоа не излегување во пресрет на граѓаните “, вели РАМИЗ МЕРКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУГА.
Спротивно на бројните критики на екологистите , Мерко и натаму тврди дека на струшкото крајбрежје и во заштитеното подрачје нема дивоградби, објектите на плажите се изградени со одобрение на министерството за транспорт и врски.
–„Никој не гради куќи во крајбрежиетто ние тоа го немаме. Што се однесува до десеттината концесии тие се издадени од министерството за транспорт и врски имаат легално одобрение тука не е виновна општината“, додава Мерко.
Струга ќе бара и продолжување на рокот за легализација бидејќи со мораториумот, кој беше на сила речиси една година граѓаните биле спречени да го остварат правото на легализација.
Новинар Соња Рилковска
