Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материии“ и „фалсификување на огнено оружје“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшкото село Велешта.
При преглед извршена на 04.11.2020 година на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа огнено оружје пиштол марка „WALTER“, калибар 7,65 милиметри, чиј број механички бил отстранет, со 7 куршуми. Дополнително, при претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се 3 куршуми калибар 9 милиметри. Одземените предмети, пријавениот нелегално ги поседувал.
