Стружанец заработи кривична за загрозување со опасно орудие.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.М.(64) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот, на 31.01.2021 година предизвикал вербална расправија со М.К.(50) од Струга, упатувајќи му закани, по што се обидел да го повреди со дрвен предмет.
