Градот Струга оваа година ќе биде домаќин на голема атлетска манифестација која го носи името :”Трка на поезијата”.
Насловот е неслучајно избран со оглед на тоа дека Струга е навистина град на поезијата. Здружението “Спортски мостови” од Струга не информира дека оваа година во Струга ќе се одржи трка на 5км која што е наречена рекреативна трка, трка на 10км на која учевство ќе земат и професионални атлетичари, и детска трка на 1км. Сите што сакаат да се пријават на трката треба да ја посетат официјалната веб страницата www.poetryrun.mk каде што се објаснети правилата за настанот.

Оваа година бројот на учесници е ограничен со оглед на почитување на протоколите за пандемијата.
“Трчањето не е само спорт- тоа е начин на изразување,творење,стил на живот,спој со универзумот..” -Мими Стојаноска дел од организаторите.
Целта на овој настан е поттикнување и промоција на физичката активност како важен фактор за здравјето на човекот. Покрај тоа што себе си, си подарувате една здрава навика, на вакви настани имате можност да пренесете и порака која што би помогнала во глобална позитивна промена на општеството. За таа цел Струга ве поканува ма 23.Мај да бидете дел од заедничката спортска историја наречена “Трка на поезијата”
