Фатени алкохолизирани возачи

Алкохолизираните возачи ќе добијат пријави.

На 07/08.03.2021 година во времето од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е акциска контрола кон возачи што управуваат патнички и други возила под дејство на алкохол.
Притоа, кај 11 возачи утврдено е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-05, Кичево-03, Дебар-01). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се сообраќајните документи и се соодветно санкционирани, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани