Струшките велосипедисти на протест, бараат инфраструктура

Велосипедистите од Струга денес  со масовен протест, пароли и свирежи пред општинската зграда  го кренаа гласот  за безбедни велосипедски патеки.

Последната тешка сообраќајка на стариот пат Охрид Струга , во која животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада  го вклучи алармот.

Спортистите немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат мегу двата градови. Тој сообраќајен  правец е потполно небезбеден, често се случуваат несреќи, бидејќи возачите возат со огромна брзина, особено откако патот е реконструиран.

„Посебно се случуваат вакви  несреќи  откако е направен новиот асфалт.  На тој пат не се само велосипедисти настрадани има и погинати моторџии сигуно десеттина и повеќе“  ,вели Никола Цветаноски ,  тренер велоипедист.

Спортистите побараа општините Охрид,  Струга и Дебарца да одржат итен состанок со Макеоднија пат и да преземат мерки за проширување на патот и изградба на безбедна   велосипедска патека.  

– „Ви се обраќаме да ги преземете  потребните мерки за овозможување на безбедност во сообраќајот за велосиппедистите и пешаците.  Не сакаме празни ветувања,   сакаме само дела“, рече  Бетим Ибраими организатор на протестот.

Велосипедистите бараат силно  полициско обезбедување на стариот пат Охрид Струга . Доколку итно не се преземат мерки тие најавија  протести и во Охрид, но и блокади на патот.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани