Министерот Венко Филипче денеска го разреши директорот на струшката болница Мухамед Асани. Во текот на денешниот ден ќе биде нззначен нов в.д директор на болницата.
Вчера беше формирана петчлена комисија , која треба да изврши стручен надзор во Општата болница во Струга, поврзано со лекувањето на пациентката од Дебар, на која при поодувањето и и` беа извадени три органи. Во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство, дали имало неправилности во лекувањето на родилката.
Ова следи откако родилката од Дебар јавно проговори дека при породувањето во струшката болница и биле извадени матка, јаниик и бубрег. Претходно беше формирана Комисија од Лекарската комора која не утврди неправилности во лекуваето на ппациентката.
Новинар Соња Рилковска
