Министерот Спасовски во работна посета на Струга.
На состнокот покрај Спасовски, присуствуваше и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши , министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, началниците од СВР и ОВР Охрид и Струга Сашо Смилески и Дритан Ајро и командирот на ПС Струга Абдулќерим Камбери.
На оваа работна средба беа дискутирани повеќе теми:
.jpg)
– Отсранување на објект и целиот простор околу него –стар затвор и стара полициска куќа за отварање на двонасочна улица. Преместување на целата полициска зграда во посоодветен дел со подобри услови за граѓаните и за самите вработени.
– Понуда за Општината да го издаде приземјето за сите управни служби на МВР: лични карти, патни управи , возачки дозволи итн.
– Министерот на МИОА Јетон Шаќири понуди во тој дел исто така да се воведе проектот Една точка на услуги.
– Безбедност во градот и околината која е примерна , а која може уште да се подобри.
– Во поглед на зачувување на безбедноста на граѓаните нивните животи заштитата на природното и културното наследство и обезбедување на бизнис секторот.
– Поголема контрола и заштита на најмладите почнувајќи од предшколска возраст се до средно образование од лошите феномени во општеството.
– Актуелниот проблем со возачките дозволи во Струга, да се реши во најбрз можен рок .
.jpg)
На крај Министерот Спасовски му се заблагодари на градоначалникот за макотрпната работа , за реконструкција на главните улици во градот вклучувајќи попратната инфраструктура , атмосферска канализација, фекална канализација , тротоари, нови паркинг места, за да им се обезбеди на граѓаните непречено движење и подобри услови во сообраќајот, информираат од општина Струга,
