Георгиески: Откако е донесен Планот за управување, не сме издале ниту едно спротивно одобрение за градба

Охридскиот градоначалник изненаден од изјавата на минисетрката Стефоска.

Вели иминативе години се разговарало интензивно за одземање на ингеренциите  и беше заклучено дека не постои законска можност  согласно законот за градење. 

-„Во голем дел од ингеренциите од сферата на урбанизмот се под министерството за транспорт и врски не знам зошто сега ваква изјава кога општина Охрид  откако е донесен Планот за управување со охридскиот регион доследно го споведуваме не сме издале ниту едно решение споротивно на планот“, вели градоначалникот Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид. 

Ако се донесе таква одлука за одземање на ингеренциите  ние ќе ја почитуваме, вели Георгиески. 

-„Околу изградбта на хотелот на местото на ресторанот Парк, градоначалникот појаснува дека се работи за одобрение за градба издадено во 2018 година. Инвеститорот  пријавил почеток на градилиште една година по издавањето на дозволата и тој простор беше ограден со лимени тараби, а после тоа има 10 години рок да гради. Одобрението е правосилно а мојот личен став е тотално небитен во оваа ситуација , јас сметам дека таков спорен објект на брегот на езерото е непотребен и штетен во ситуацијата со Унеско но ние немаме законска моност да го поништиме тоа одобрение“, додава Георгиески. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани