Се пали трската во Струга, надлежните немоќни.
Вчера во ОВР Струга пријавен е пожар на езерска трска на брегот од Охридското езеро на потегот од Струга кон селото Калишта. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.
– Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5000 метри квадратни сува трева на приватна парцела, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Само пред дваесеттина дена, на потегот кај Калишта опожарена беше поголема површина од езерската трска.
