Струга пред година и пол побара отстапување на ингеренциите од областа на урбанизмот , но од Министерството за транспорт доби одговор дека не постои законска можност.
Ова е ставот на првиот човек на локалната , по најавата на министерката за култура за одземање на ингеренциите на двете општини, поради како што вели негрижа за културното наследство.
Мерко тврди општина Струга се грижи за заштитеното подрачје и нема дивоградби на брегот на езерото.
-„Ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство, значи во целост е запазена зоната покрај езеро да нема градби во тој прилог сме одговорни и во никој случај не го загрозууваме културното и природното наследтсво“ , вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
Охридскиот градоначалник е изненаден од најавата на министерката за одземање на ингеренциите и тврди дека откако е донесен Планот за управување сите дозволи за градба се усогласени со препораките на Унеско.
– „Не знам зошто сега доаѓа ваква изјава кога општина Охрид откако е донесен Планот за управување со охридскиот регион општина Охрид доселдно го сппроведува. Ние не сме донеле ниту едно одобрение кое што е спротивно на Планот за упправување.Владата ако донесе одлука ние енмаме што да правиме , ќе ја ппочитуваме“ , вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид
И општина Дебарца е дел од Унеско, од таму велат заштитата треба да биде избалансирана, строго заштитеното подрачје да има построги рестрикции, но во останатиот дел од општините да се овозможи непречен урбан развој За разлика од Охрид и Струга, каде се регистрирани стотици дивоградби во заштитениот појас на Дебарца има само една нелегална градба.
–„Точно е дека проблемите и забалешките кои се однесуваат на регионот најмалку не засегаат нас , ние ги немаме проблемите кои ги имаат општина Охрид и општина Сруга кај нас се ппомали меѓутоа неспорно е тоа дека треба да се имплементираат сите збелешки кои се доставени од Унеско“ , вели Зоран Ногачески.
Како одминува времето се` поизвесно е дека Охридскиот регион на следната сесија на Унеско ќе се најде на листата загрозено светско наследство.
Новинар Соња Рилковска
