Д-р Даскалоски: Вирусот навистина ме плаши, многу е непредвидлив и опасен

Вирусот е страотен , непредвидлив и опасен. Секојдневно во Здравстевниот дом во Вевчани на рентгенографија доаѓаат млади луѓе позитивни на вирусот со наод на белите дробови, вели д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика од Здравствен дом Вевчани.

 

-„Овој трет бран кога незапирливо се шири британскиот сој на вирусот нема човек кој не се плаши за сопственото здравје. Страв има  и кај нас лекарите, Особено загрижува што во овој бран имаме многу заболени млади луѓе.  Секојдневно на  рентгенографија доаѓаат млади луѓе, тоа навистина  ме загрижува“, вели Даскалоски.

Лекарите во оваа пандемија се први во битката со вирусот. Секојдневно изложени на ризик. Лекувајќи ги своите пациенти го загрозуваат сопствениот живот.  Даскалоски и самиот го прележал вирусот , за среќа го поминал со не многу тешки симптоми.

-„Јас бев лично болен, можам да речам  благодарност на Бога го пребродив. Немав некои потешки симптоми.  И дел од мојата екипа, медицинската сестра и техниачрот беа заболени и тие го поминаа полесно. Кога јас заболев бев во изолација и вистинска  среќа е што никој друг од семејството не беше заболен“, раскажува Даскалоски.

Не само доктор Жарко, кој важи за еден од најдобрите дијагностичари во регионот и пошироко, туку и неговата сопруга и ќерка се медицински лица, кои цела една година во пандемијата  не си го знаат работното време. Наместо осум , работаат и по 16 часа дневно.

„Во моето семејство повеќето сме медицински лица. Сопругата ми е медицинска сестра, ќерка ми е докторка во Брзата помош и тие се цел ден на работа, изложени на ризик. Останатите мои две деца трпат бидејки иако нивната професија не е поврзана со медицина, ааради нас неколку пати беа во карантин и изолација“, додава Даскалоски.

И во вонредни и тешки  услови во пандемија каква  историјата  не памети, ниту еден пациент не е вратен од службата за рентген во Здравствениот дом во Вевчани. Изминатиот период направени се 2000 ехо и мамографски прегледи и уште 2000 други рентген прегледи.

Ракот на дојка во Охридско–струшкиот регион во последните 10 години е во пораст,  токму затоа е  зголемен  и бројот на прегледи на пациентки.

„Свеста од година во година расте, женската популација си има една своја култура да доаѓа на редовни мамографски и ехотомографски прегледи, на шест месеци или на година. Клучно за лекувањето на болеста е рана детекција и ефективен третман “, вели д-р  Даскалоски.

Во Здравствениот дом во Вевчани има пациенти од цела држава. 

„Пациенти имаме од цела држава, а најбројни се од Дебар, Охрид, Струга, Кичево, а во последен период доаѓаат од Скопје, Македонски Брод, Ресен како и од источниот дел на државата кои слушнале за Вевчани“, вели Даскаловски.

Даскалоски е лекар со долгогодишно искуство, тој  е познат во целиот регион по неговата стучност и  пријатен однос кон пациентите , апелира граѓаните да  ги почитуваат препораките.

„Би сакал да испратам апел орака апел до сите без разлика дали се медицински лица или не без разлика на вера и националност овој вирус не бира. Треба да се уваме да ги почитуваме мерките  да бидеме внимателни.  Дисциплина мора да има“, апелира д-р Даскалоски.

 

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои – со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани