Црна точка во сообраќајот е патот Охрид-Кичево

Опасна е оваа делница каде 7 години се гради автопат.

Автопатот Охрид-Кичево, седум години е опасен и небезбеден а граѓаните, поради бројните тешки сообраќајки и изгубени човечки животи, го нарекоа „автопат на смртта“. Пред два дена, на оваа делница се случи трагична сообраќајка во која, еден човек загина а двајца се тешко повредени. Траорните слики објавени на некои медиуми и пожарот што се појави во едно од возилата, доволно зборуваа за силината на сударот и катастрофалната ситуација.
Според СВР Охрид, од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 02 жртви.
Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволената брзина на движење, 44 автобуси биле испратени на вонреден технички пеглед при што кај еден автобус, констатирани се неисправни уреди за сопирање. Овие возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Според портпаролот Димоски, најчести причини за сообраќајните незгоди и понатаму остануваат, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол, зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило.
СВР Охрид, најавува понатамошни зачестени контроли и апелира до сите учесници на сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани