Момчето било нападнато од соученичка.
Вчераутро околу 09 часот, во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „ученичката е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“.
