Геогиески: Одличен старт на реконструкцијата на „Јане Сандански“

Одличен старт на реконструкцијата на улицата “Јане Сандански“, информира градоначалникот Георгиески. 

 

Во моментов се поставува нова водоводна линија, а потоа продолжуваме со Приклучување на домаќинствата со средства покриени од општината. Продолжуваме да работиме на проектите кои се во интерес на граѓаните, вели Георгиески. 

Според него ова е уште една  значајна инвестиција за модернизирање на градската инфраструктура. Се работи за проектот за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“ и рехабилитација на целокупната водоводна линија.

Според планираното, ќе биде извршена комплетна промена на водоводната мрежа од азбесно-цементни цевки, која е стара повеќе од 50 години. Со ова, конечно ќе бидат надминати долгогодишните проблеми на граѓаните кои живеат на овој потег од градот.

Ќе се врши изведба на нов цевковод во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри. Цевките на главниот цевковод ќе бидат од лиено железо со димензија Ф200, а на секундарните линии ќе бидат поставени цевки со димензија Ф100. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје.

Ќе бидат инсталирани и 6 противпожарни хидранти на крстосниците со попречните улици. За новата водоводна мрежа од буџетот на Општина Охрид се издвоени 15.231.078 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани