Две земји една дестинација, со брод Струга-Поградец-Охрид

Општина Струга го најавува започнувањето на проектот со наслов „Охридското езеро – Две земји една дестинација“.

Проектот е во рамките на прекуграничната соработка с Р. Албанија.

Градоначалникот Рамис Мерко потенцира дека со овој проект ќе придонесе стратешки придонес за развој на туризмот и зачувување на културното наследство во прекуграничните региони на сливот на Охридското Езеро, Општина Струга и Охрид во РСМ и Општина Поградец во Албанија.
Овој проект има за цел да ги поврзе граѓаните од двете земји преку Охридското езеро овозможуваќи соодветна инфраструкура во насока на поврзување Струга, Охрид и Поградец каде граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни бродски линии на два гранични премини ќе имаат можност да посетуваат неколку туристички дестинации кои се темели на културното наследство во овие две прекуграничните области. Езерскиот транспорт, но и туризмот мора да имаат зелена перспектива и да се ориентираат кон алтернативните извори на енергија, оттука сметавме дека набавката на два еко брода кои работат на соларна енергија ќе даде директен придонес за подигање на јавната свест за зачувување на животната средина и промоција на туристичката понуда во овие области.

Проектот ќе биде подржан од страна на Европката комисија во износ од 2 милиони евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани