Туристичките работници нема да добијат приоритетна вакцинација.
Одбиена е иницијативата на Агенцијата за туризам. Во одговорот од Министерството за здравство стои:
-„Националниот план за Ковид 19 вакцинација е направен по препораки на СЗО и приоритет за имунизација во услови на ограничен пристап на вакцини. Согласно планот остануваат трите приоритетни групи со цел да се обезбеди функцинирање на здравствениот систем. Во завиосност од достапноста на вакцини може да следува измена во приоретизацијата“.
Со ова Македонија нема да се впише на листата безбедни туристички дестинации, велат од хотелската асоцијација – ХОТАМ.
-„Еве слушнавме пред неколку денови Турција го направи истото сите што работат во сектор туризам во Турција во моментот се вакцинираат и со тоа покажуваат дека гостите се безбедни во тие нивни ресорт хотели“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Се` поизвесно е дека и годинава ќе ги нема странските гости тоа ќе значи колапс во туризмот, дополнително затворање на објекти и испуштање на работници.Се чека петтиот пакет помош од државата.
– „Драстично е што сите сме во загуба се добиваше од минус 70 до минус 80 во однос на обртот од 2019 година. Треба да се добие таа имунизација , треба вакцини да се добијат“, додава Блажески.
Изминува март, а голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро од почетокот на зимата се уште се` под клуч.
Новинар Соња Рилковска
