„Патот до успехот“ – мотвациски предавања за студентите

Мотивациско предавање на студентите на ФТУ насловено „Патот до успехот“.

Успешни и докажани професионалци ги мотивираат младите да го следат нивниот пример.

Триесеттина студенти од Факултетот за туризам денес имаа прилика да слушнат неколку успешни приказни на свои колеги.

Дамир Бошњак беше еден од мотивационите говорници, успешен менаџер на хотели во Дубаи. Бошњак почнал од паркирање авотмобили за да биде главен менаџер во хотели на Блискиот Исток.
Патот до успехот не е лесен, тоа е напорна работа, желба и амбиција за успех.

-„Сакам да им кажам на младите дека има можност за успех. Може да успеат и со напорна работа може да го постигнат она што јас го постигнав. Почнав со паркирање на коли и носење на куфери на гостите за да стигнам до генерален менаџер во хотел во Дубаи и до најмладо лице на насловна страна на магазин за хотелиери на 32 години.“ вели Дамир Бошњак мотивациски говорник. 

Целта на мотивациските предавања е да се охрабрат младите луѓе да чекорат во понатамошниот професионален живот по примерот на успешните луѓе.

„Настанот се реализира за студентите кои слушаат менаџмент и имаат сон да станат успешни менаџери. Ќе го слушнат трнливиот пат кој скоро секој мора да го изоди за да стигне до врвот“, вели Игор Пешески, претседателот на студенското собрание при ФТУ.

На студентите им се потребни примери од успешни лица кои дополнително ќе ги поттикнат да ги остварат нивните соништа.

„ Тие ќе ја раскажат нивната приказна како успеале, кои биле нивните пречки и падови и како стигнале таму каде што се денес. Исто така нашите говорници ќе ги мотивираат младите како да ги остварат своите цели“, Емилија Баткоска, координатор на настанот Патот до успехот.


Студенското собрание при ФТУ според Годишната програма за работа за оваа година има во план да организира повеќе вакви мотивациски предавања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани