ХОТАМ апелира да се поддржат домашните инвеститори во хотелската индустрија. Општината и државата не смеат да ја кочат изградбата на нови современи хотелски капацитети, напротив треба максимално да ги поддржат.
Инвестициите во нови современи хотели се од клучно значење за развој на туризмот.
Само на тој начин Охрид и земјава може да бидат конкурентни на светскиот пазар, вели Крсте Блажески претстедател на ХОТАМ, после стопирањето на изградбата на хотелкиот комплекс на „Зора“ во населбата Свети Стефан.
-„Ако не се градат нови објкети ние ќе заостаниме како дестинација, нема да бидеме конкурентни вооппшо. Ќе ги губиме оние туристи кои бараат полуксузно сместување. Треба да се гадат нови хотелски капацитети и да се реновираат старите. Надлежнте треба да ги убрзаат постапките во однос на издавање документација и одобренија за градба“, вели Крсте Блажески.
Треба да ги следиме светските трендови во туризмот современи објекти, а ние заостануваме токму поради инертноста во администрацијата, велат хотелиерите.
-„Одамна апелирам што поскоро да се донесе ДУП за да нема никаков застој во инвестициите во туризмот. Не смее да се туркаат во вода веќе направени инсвестиции, кои утре носат плаќање даноци, нови вработувања и привлекување на туристи. Не смее да се кочат инвеститорите, бидејќи трпи штети туристичкото стопанство “, вели Блажески.
Се сложувае со Планот на УНЕСКО и го поддржуваме, но инвестициите во туризмот мора да се поддржат за напредок на регионот, велат од ХОТАМ:
