Пешаците не ги користат „зебрите“, преминуваат улици кај ќе стигнат.
Полицијата вчера од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведе акциска контрола кон пешаците како учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 49 пешаци кои сториле небезбедно преминување на улица и надвор од обележан пешачки премин (Охрид-09, Струга-10, Кичево-09, Дебар-21).
