Приведен е еден охриѓанец и четворица стружани.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 61 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-15, Струга-06, Кичево-27, Дебар-13).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 81 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-27, Струга-20, Кичево-34). Во овој период, регистрираи се 05 прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 (Охрид-01, Струга-04). Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

