На 03.04.2021 година во 21 часот, во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Ново село, патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Н.С.(70) од Охрид излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Т.(58) од Охрид, а возачот и уште една сопатничка Л.С.(62) од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информира портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
