Возачи престигнуваат на опасни места

Полицијата казни 43 возачи што неправилно престигнувале.

Престигнувањето возила во сообраќајот е исклучително опасно доколку се врши на непрегледни места и може да предизвика големи опасности од сообраќајни незгоди, вели м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека ред во сообраќајот мора да има поради што, сообраќајната полиција е секојдневно на улиците и патиштата, контролира, предупредува и казнува.

Вчера на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски контроли во сообраќајот кон возачи кои вршат престигнување на недозволено место. Притоа, полициските службеници регистрирале вкупно 43 прекршоци (Охрид-16, Струга-13, Кичево-09, Дебар-05) а на возачите им се изречени соодветни санкции, изјави портпаролот Димоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани