Масовна вакцинација ќе има и во Охрид

Во уште неколку македонски градови, ќе има места за масовна вакцинација по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Во овој период, очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата, ќе работиме на отворање места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на „Борис Трајковски“ и тоа во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, покривајќи соодветни региони околу овие здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар, истакна Филипче.

На 19-ти и 26-ти април во Македонија ќе пристигнат по 10.000 дози вакцини од „Фајзер“, а се очекува одговор од Кина и од Руската амбасада. Повторно би требало 76-те илјади дози на „Астра Зенека“ да стигнат до крај на месецот. Во однос на помошта преку трилатералните договори од Европската Унија кои ги најавија за крај на април, роковите ќе се поместат за прва недела на мај.

Досега близу 140 000 граѓани се пријавиле на сајтот за вакцинација, а сликата ќе се менува како ќе пристигнуваат вакцините, вели Филипче. Сајтот наскоро ќе биде надграден и ќе се добива СМС порака како потврда за регистрација и на истиот начин за соодветен термин кога ќе дојде редот за вакцинација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани