Мутациите на вирусот беснеат, бразилскиот сој раширен во 52 земји

Новите мутации неконтролирано се шират, за една недела имало повеќе од 4,5 милиони нови случаи и 76 000 починати. велат од Светската здравствена организација (СЗО).

 

Тоа е зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус за седум проценти во споредба со претходната недела. Најмногу новозаразени има во Индија, САД, Бразил, Турција и Франција. Расте и бројот на земји кои пријавуваат нови варијанти на вирусот. Варијантата Б.1.1.7 за првпат откриена во Велика Британија сега е пронајдена во 132 земји, варијантата Б.1.351 за првпат идентификувана во Јужна Африка сега е пронајдена во 82 земји, а варијантата П.1 за првпат идентификувана во Бразил сега е потврдена во 52 земји. Бразилскиот сој внесе страв и во регионот.

Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој. Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт, пренесува Фактор.мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани