Наскоро ќе започне реконструкцијата на кејот „Македонија“ во Охрид.
По барање на Унеско изменет е првичниот проект за реконструкција. Наместо над стариот кеј да се направи нов со поставување на армирани столбови на 80 сантиметри кон езерото, прво ќе се руши еден метар од постоечкио кеј за да не се зголемува габаритот.
Заради заштита на езерото при уривањето на дел од кејот ќе се поставуваат водоотпорни оплати во езерто за да нема одлачање на градежниот шут.
-„Согласно новиот проект ќе се отстранува еден метар од стариот кеј и во тој дел ќе поставуваат армирано бетонски столбови и врзната греда. Значи суштината на проекот е иста само што е еден метар од стариот кеј ке мора да се отстранува согласно барањата на Унеско“, појаснува градоначалникот Константин Георгиески.
Реконструкцијата на кејот не само што ќе го разубави ликот на Охрид, не само од аспект на модернизација , таа е потребна поради големите оштетувања на постоечкиот кеј.
-,Постојниот кеј е во многу лоша состојба кога шетаме ни згледа дека е во добра бидејки ја гледаме само повшината но долу е поприлично оштетувања. Правени се геомахенички испитувања и сите работи за добивање на одобрение за градба“, додава Георгиески.
За овој поект обезбедени се 38 милиони денари од Тав линијата и дополнителни 45 милиони со одлука на Владата.
Новинар Соња Рилковска
