Жител на Албанија во Охрид се возел со такси во полициски час.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 13.04.2021 во 21.05 часот на улица „15 корпус“ во Охрид, полициски службеници сопреле такси возило, во кое се превезувал пријавениот, при што било утврдено дека нема дозвола за движење за време на забрана за движење, со што ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05.00 часот.
