Притвор за охриѓанецот фатен со 11 најлончиња кокаин.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Охрид, по што, судија на претходна постапка, му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. При претрес во неговиот дом, извршен на 09.04.2021, полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пронајдоа и одзедоа 11 најлонски пакувања со кокаин, информира Стефан Димоски портарол на СВР Охрид.
