Полицискиот билтен секојдневно препполн со тепачки.
Вчера две нарушувања. Охриганец истеппал баба, дедо и внук.
На 15.04.2021 година во 16.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Г. врз И.У.(61), неговата сопруга Ш.У.(63) и нивниот малолетен внук, сите од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај охриѓне се заканувал на сограѓанин.
На 15.04.2021 година во 10..20 часот, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, Н.Т.(57) го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатени закани кон П.И.(70) од Охрид. Против нарушителот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
