Тешко повреден пешак во сообраќајка во Лабуништа.
На 15.04.2021 околу 18 часот, на локален пат во струшкото село Лабуништа, патничко моторно возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од селото Лабуништа, удрило во малолетен пешак од истото село. По незгодата пешакот бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Струга.
