Ликот на Синот Божји попладнево фотографиран во светилникот каде се палат свеќи во црквата Свети Кузман и Дамјан во струшкото село Враништа.
Фтографијата ја објави стружанецот Јован јанчевски, кој попладнево бил на молитва во црквата со својата мајка.
-Денеска бев со мојата мајка како и секогаш во црквата Св.Кузман и Дамјан ( Св.Врачи ) во Враништа на прошетка и да се напиеме вода… Кога решивмe да си одиме реков да ја сликам црквата како секогаш и кога ја прегледував сликата приметив нешто што до сега никогаш не сум видел… а тоа е местото каде што се палат свеќи го видов ова…Дали е нашиот спасител Исус Христос.?, нпиша Јанчески на својот фејсбук профил.
Стотици граѓани ја споделуваат неговата објава на социјалните мрежи, со објаснување дека Спасителот се појави пред големиот христијански празник Велигден.

На фотографијата јасно се гледа лик кој наликува на Исус Христос.
