Струга решена да се надмине проблемот со водоснабдувањето во градот.
-Во време на почетокот на туристичката сезона во градот Струга, директорот на „ЈП Водовод и канализација-Струга“, Дашмир Насуфи, заедно со претседателот на општинскиот совет, Ресул Каба и дел на работните тимови на јавното претпријатие, извршија увид во состојбата на бунарот во Краста од Велешта. Имајќи предвид дека во изминатите години во текот на летната сезона, во градот Струга се појавија бројни проблеми со водоснабдувањето, оваа година започнаа подготовките за намалување на овој проблем, информира директорот на „ЈП Водовод и Канализација-Струга“ Дашмир Насуфи.

