Битолчани со метадон фатени во Струга.
На 20.04.2021 година во 16.30 часот во ОВР Струга приведени се Д.К.(20), Д.О.(20) и М.Д.(20), сите од Битола. При контрола во патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., кај сопатникот Д.О. полициски службеници пронашле и одзеле синтетичка дрога-метадон, еден медицински шприц и нагорена фолија со остатоци од хероин. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
