Стивнува пандемијата во Охрид, намален бројот на хоспитализирани

Епидемиолошката состојба во Охрид под конторла.

Се намалува бројот на новозаболени лица,  се намалува бројот и на хоспитализации.

Попушта притисокот врз болничките капацитети.

Во моментов во охридската болница има 100 хоспитализирани пациенти.

„По пресметките на амбулантите се намалува бројот на и на приеми се зголемува бројот на отпуштени пациенти се надевам овој тренд  ќе продолжи и со вакцинацијата да стигнеме до почетокот на турситичката сезона до некое задоволително ниво“, вели д-р Горан Балев директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Третиот бран беше  еден од најтешките за здравствените работници. Голем предизвик од организационен, технички, персонален аспект, каков не памети историјата на охридската болница.

 „И персоналот е уморен. Се надевам дека нема да се повтори уште еден ваков бран или ако има нема да биде со толку голем интензитет. Ова беше големо оптоварување на болницата до вчера трошевме околу 200 боци со кислород. Персоналот ротира и целата пандемија ја поминуваме со наш персонал вклучени се сите колети . На овој начин со ротација направивме да можеме да примиме  115 хоспитализирани“, вели  Балевски.

Третиот бран ќе остане запаметен по хоспитализациите на млади лица со исклучително тешка клиничка слика.

– „Овој бран беше со доста помлади пациенти доста пациенти на кислородна поддршка и пациенти на немеханичка вентилација. Огромна потрошувачка на кислород. И сега имаме помлад пациент кој е негде околу 35 дена во нашата болница. Ова е вирус кој никој не може да го предвиди“, додава Балевски.

Пандемијата ќе испише ново поглавје во медицината. Голем број на пациенти имаат пост ковид последици врз здравјето.

Новинар Соња Рилковска           

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани