Започна со работа модуларната болница во Струга.
Во неа има централен довод на кислород, а моментално се сместени 11 ковид пациент. Дополнително 13 болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница, кое функционира како ковид 1 центар.
Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
„Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани. Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга.
Во струшката болница состојбата во третиот бран од пандемијата е стабилна, има уште четириесеттина слободни кревети.
„Сите ресурси се ставени на располагање , имаме персонал, распределба на здравствените работници и моментално ситуацијата е стабилна“ , додава Арслани.
Струшката болница доби донација современо и опремено санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош и превоз на тешко болни преку Фондацијата за развој на образование и култура – „Албиз“.
Новинар Соња Рилковска
Започна со работа модуларната болница во Струга. Во неа има централен довод на кислород, а моментално се сместени 11 ковид пациент. Дополнително 13 болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница, кое функционира како ковид 1 центар.
Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
„Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани. Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга.
Во струшката болница состојбата во третиот бран од пандемијата е стабилна, има уште четириесеттина слободни кревети.
„Сите ресурси се ставени на располагање , имаме персонал, распределба на здравствените работници и моментално ситуацијата е стабилна“ , додава Арслани.
Струшката болница доби донација современо и опремено санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош и превоз на тешко болни преку Фондацијата за развој на образование и култура – „Албиз“.
Новинар Соња Рилковка
