Девојчето е префрело во болница во Скопје.
Синоќа во 18.20 часот на пресекот на улиците „Владо Малески“ и „Пабло Неруда“ во Струга случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(19) од струшкото село Заграчани и „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Р.И. (59) од селото Калишта.
– Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетничка-сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга. На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
